Повторно торнадо го погоди Кентаки, има и загинати
Повторно торнадо ја зафати американската сојузна држава Кентаки, а притоа загинаа најмалку шест лица. Гувернерот Енди Башир рече дека може да има најмалку 50 мртви.
Кентаки имаше силни разурнувања на 11. декември лани, кога неколку торнада поминаа низ државата, но сега повторно се случи нова природна катастрофа, во која многу други лица останаа заробени во своите домови, а урнати се и многу објекти – пишува „Вашингтон пост“.
Според информациите, торнадото мина низ четири држави – Арканзас, Кентаки, Мисури и Тенеси, а експертите проценуваат дека траело невообичаено долго за овој дел од годината.