Едно лице загина, а пет се ранети во масовно пукање во Синсинати. Мажот починал на самото место, додека останатите жртви, меѓу кои и малолетници, итно се пренесени во болница, пишува „Дејли мејл“. Инцидентот се случил синоќа нешто пред 21 часот и 30 минути.
Од локалната болница потврдија дека примиле три лица со прострелни рани. Пациентите се во критична, но стабилна состојба.
Не се соопштуваат дополнителни детали за нивниот идентитет или идентитетот на напаѓачот, кој се уште е во бегство.
Шефот на полицијата во Синсинати, Тереза Тетџ за Ен-Би-Си изјави дека е „гневна“ поради трагедијата.
– Ова се случува премногу често. Луѓето се враќаат на насилството наместо да ги решаваат споровите на хуман начин. Не е хумано да се вади огнено оружје и несовесно да се пука во поединци.
Таа додаде дека нема поширока закана за јавноста и дека полицајците од синоќа работат на информирање на најблиските на жртвите.
– Ги собираме сите докази за да можеме напаѓачите да ги изведеме пред лицето на правдата – додаде таа.