Повторно лажни дојави за поставени бомби во Србија

Речиси секој ден во соседна Србија има дојави за поставени бомби.

Вчера преку интернет надлежните биле известени дека се поставени експлозивни напраи на аеродромот „Константин Велики“ и во два трговски центри во Ниш и во Нови Сад.

Полицијата веднаш излегла на терен, а четири трговски центри биле евакуирани.

До аеродромот во Ниш и на 16. мај стигнала лажна дојава за поставена бомба, додека трговскиот центар „Делта“ лажно беше алармиран на 21. април.

Два месеци Србија е мета на лажни дојави за поставени бомби, меѓудругото и во ресторани и училишта, железнички станици, мостови и други локации.

Дојава за поставена бомба била испратена и до Зоолошката градина во Белград.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, лажни дојави за поставени бомби се регистрирани и во Хрватска, во БиХ и во Косово.