Повторно дојави за бомби во црногорските училишта

Утрово на електронските адреси на неколку училишта во Бјелопоље и Подгорица биле испратени пријави за поставени бомби, објави порталот РТЦГ.

На електронската адреса на училиштата е испратена порака во која извесен Нико Белиќ се претставува како српски националист и водач на организација која, како што навел, поставила бутански бомби во училиштата.

Во понеделникот неколку училишта во Подгорица добија пораки на електронска пошта за подметнати бомби, поради што учениците од прва смена се вратени дома, а во втора смена немаше настава или се организираше онлајн.