Повредени 18 лица по удар на гром во Чешка – седум лица во тешка состојба

Во градот Либерец во северот на Чешка, гром повреди 18 лица, меѓу кои и неколку деца. Седум лица во тешка состојба се пренесени во болница.

Громот удрил во дрво во парк во Либерец, каде што имало прослава по повод „Денот на детето“. Силно невреме со врнежи од град денеска мина над Чешка, а предупредувањето важи до утре.

Од повредените, пет се деца, додека се онесвестиле 13 лица. Петмина биле реанимирани, соопштија од болницата во Либерец, додавајќи дека сите повредени се со полесни повреди и нема никој сериозни изгореници.

Едно дете со хеликоптер итно било пренесено во Прага.