Предлогот на Христијан Мицкоски за измени на закон за организација и работа на органите на државната управа е повлечен од Собранието поради барање на поднесителот за дополнителна измена.
Според информации на ТВ21, се прават измени во поделбата и надлежностите на Министерството за информатичко општество кое сега ќе биде дигитализација и администрација.
Барањето било од Стефан Андоновски кој се споменува како име за министерството за дигитализација. Изменетиот на предлог законот веќе е вратен во собраниска процедура.
Како што веќе објавивме, Тимчо Муцунски ќе раководи со Министерството за надворешни работи, Гордана Кочовска Димитриевска ќе застане на чело на Министерството за финансии, а Стефан Андоновски ќе го предводи новоформираното Министерство за дигитализација.
Неофицијално, Сања Божиновска се споменува за министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Цветан Трипуновски за министер за земјоделие, Борко Ристовски за спорт, додека пак во МВР ќе се бира помеѓу Панче Тошковски и Игор Јанушев.