МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22…
Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.
Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Битола – 98, Кавадарци – 97, Велес – 91, Тетово – 61, Гостивар – 49, Струмица – 43, Куманово и Кичево – по 41, Неготино – 38…
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г.
Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.
Бројот на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821.