
Повеќе од 53.000 неважечки ливчиња на Локалните избори 2025
Излезноста во првиот круг на осмите локални избори е најмала досега – 48,29% според обработени 99,94% избирачи од 3.472 избирачки места од вкупно 3.474.
Одзивот на локалните избори 2025, според податоците на Државната изборна комисија, е под 50 проценти во првиот круг.
Излезноста во првиот круг на осмите локални избори е најмала досега – 48,29% според обработени 99,94% избирачи од 3.472 избирачки места од вкупно 3.474.
Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во Македонија имало на локалните избори во 2013 година – 67 отсто, по што е во постојан пад, на 60 отсто на локалните избори во 2017 и 50,57% на локалните избори 2021 година.
Според официјалните податоци на ДИК, на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирачи. На излезност од 48,29%, бројот на неважечки ливчиња е фрапантни 53.713.
Според податоците на ДИК, 53.713 се неважечки гласови, речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови.
Во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња.
Во споредба со претходните изборни циклуси, бројот на неважечки ливчиња бележи пораст.
На локалните избори во 2017 година имало вкупно 11.472 неважечки за градоначалници и 13.367 за совет, а на локалните избори во 2021 имало вкупно 37.859 неважечки ливчиња.