Повеќе од 40.000 Палестинци убиени во Газа

Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 40.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас – организација којашто е прогласена за терористичка од страна на САД и ЕУ.

Најавата доаѓа за време на новите напори да се постигне прекин на огнот во 11-месечниот конфликт.

Во 40.000 убиени се вклучени и цивили и милитанти, пишува АП.

Тоа ја одразува големината на израелската офанзива во Газа, една од најразорните воени кампањи во поновата историја.

Војната започна на 7 октомври откако милитантите предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи околу 250 заложници во Газа.