Повеќе од 350 инспектори го бараат убиецот од Мејн, пронајдена е оставена порака во неговиот дом

Инспектори пронајдоа пиштол во возилото за кое се смета дека го користел осомничениот за пукањето во Мејн, Роберт Кард, и допрва треба да се утврдува дали и ова оружје било користено за време на смртоносниот поход во кој уби најмалку 18 и рани 13 лица Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година.

Вчера при претрес во домот на Роберт Кард била пронајдена порака. Инспекторите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето на пораката и како таа потенцијално би можела да помогне во нивното пребарување. Повеќе детали не се откриваат.

Информациите говорат дека убиецот кој бил инструктор за ракување со оружје извесно време имал проблем со менталното здравје, а пред дел од своите блиски изјавувал дека често слушал гласови против него во кугланата и барот каде неселективно пукаше врз присутните кои ги затекна во средата.  Меѓувреме официјални лица соопштија дека осум лица остануваат под лекарски надзор, петмина се во стабилна состојба, а три лица се критични. Болницата каде се згрижени не ја објави нивната возраст.