Повеќе од 15.000 возачи на Амазон поднесоа тужби против компанијата
Повеќе од 15.000 возачи на Амазон поднесоа арбитражни барања против гигантот за е-трговија, тврдејќи дека компанијата ги класифицирала како независни изведувачи наместо работници за минимална плата и прекувремена работа.
Сметаат дека не работат како „хонорарци“, бидејќи работата станува се пообемна, па многу од овие работници велат дека всушност имаат статус на вработени и затоа заслужуваат повеќе бенефиции и заштита, пренесе Си-Ен-Ен.
Медиумите пренесуваат дека според некои толкувања на законот, работниците кои превезуваат и испорачуваат стока се третираат како независни изведувачи со некои дополнителни бенефиции, вклучително и гарантирана минимална плата.