Повеќе од 120 луѓе во јули во Токио починаа од топлотен удар
Повеќе од 120 луѓе во јапонската престолнина Токио починаа од топлотен удар во јули, бидејќи просечната температура во земјата достигна рекордно високо ниво, а предупредувањата за топлотен бран беа на сила во поголемиот дел од месецот, соопштија денеска јапонските власти.
Повеќе од 37.000 луѓе биле лекувани во болниците низ Јапонија поради топлотен удар од 1 до 28 јули, соопштија властите.
Според јапонските медицински служби, голем број од 123-те лица кои починале од топлотен удар биле постари луѓе.