Повеќе од 100.000 луѓе се пријавиле за договор за работа во руската армија

Повеќе од 100.000 луѓе стапиле во воена служба по договор во вооружените сили на Русија од почетокот на 2024 година, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Од почетокот на оваа година, повеќе од 100.000 луѓе веќе се приклучија на воената служба со договор во вооружените сили на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Во Москва и другите градови на Русија значително е зголемен бројот на заинтересирани за работа во армијата, пренесува РИА Новости.