Повеќе од 100 трактори кај Вестминстерската палата – најголемиот протест на фармерите во Британија досега

Над сто трактори беа возени низ Лондон и околу Вестминстерската палата во најголемиот протест досега од страна на британските фармери, кои тврдат дека нивната влада не го помага доволно производството на храна.

Организациите Save British Farming и Fairness for Farmers од округот Кент стојат зад протестот во понеделник, кои тврдат дека евтиниот увоз на храна и недостатокот на јасна владина поддршка ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со храна во Велика Британија, јавува Би-Би-Си.

Фармерот Колин Рејнер изјави дека владиниот фокус на екологијата при распределбата на земјоделството е штетен за цените на домашното производство, особено затоа што се увезуваат производи кои подлежат на пониски стандарди за производство.

Министерот за земјоделство Марк Спенсер изјави дека земјоделството е во срцето на британската трговија и најави нови мерки за ограничување на количината на земјиште што е исклучено од производство поради еколошки потреби.

– Производството на храна е главната цел на земјоделството и денес овој принцип го правиме појасно – истакна Спенсер.

Владата соопшти дека најмалку 60 отсто од храната што ја консумираат Британците ќе се произведува во нивната земја.