
Повеќе од 100 загинати,десетина повредени во големите поплави и свлечишта во главниот град на Конго.
Околу 12 милиони луѓе живеат во 24-те области на Киншаса зафатени со поплавите. Локалните власти соопштија дека има жртви, дека се поплавени куќи и уништени патишта.
Повеќе од триесет луѓе загинаа во областа Нгалиема.Според градоначалникот на областа бројот загинати се уште не е утврден.
Во друг дел од градот загинаа пет членови на исто семејство.
„Тажно е да се загубат сите членови на семејството“, изјави 30-годишниот Пјеро Манртуела, кој ги загуби мајка си, деветгодишната ќерка и тројцата браќа, а самиот остана жив затоа што во време кога почна да врне бил на работно место.
Официјални лица соопштија дека голем дел од несреќите се случени во објекти изградени без дозвола на локации на кои е забранета градба.