Повеќе од 10.000 Британци потпишаа петиција со која бараат од британската влада да одржи референдум за укинување на санкциите против Русија и запирање на помошта за Украина, објавено е на веб-страницата на британскиот парламент.
„Ако не ја промени својата политика, Владата треба да одржи референдум во Британија за ова прашање за најмногу шест месеци“, се наведува во текстот на петицијата, потпишана од 10.089 лица.
Во текстот на петицијата, објавен на веб-страницата на парламентот, се наведува дека британската администрација интервенирала во конфликтот во Украина без одобрение на граѓаните на таа земја, кои, како резултат на тоа, биле „принудени да трпат економски последици“.
„Последиците вклучуваат поскапување на струјата, трошоците за живот, каматни стапки, инфлација, невработеност, зголемување на даноците, штрајкови, штета на бизнисот и отпуштања во државните служби“, се забележува во текстот.
Доколку петицијата е потпишана од повеќе од 10.000 луѓе, властите мора да се огласат за ова прашање и да се одржи дискусија во парламентот.