
Поради прекинот на работата на американската влада, над 3,2 милиони патници во САД беа погодени од доцнења и откажувања на летови, што произлегува од проблеми со персоналот за контрола на воздушниот сообраќај по затворањето на владата на 1 октомври, информира здружението на авиопревозници.
Организацијата „Авиокомпании за Америка, која ги вклучува „Американ ерлајнс“ , „Јунајтед ерлајнс“, „Саутвест ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ , „Џетблу ервејс“ и други големи превозници, соопшти дека 16 отсто од доцнењата во октомври биле предизвикани од проблеми со персоналот. Ова е значително зголемување во споредба со 5 отсто пред прекинот на работата на владата.
Само во петокот – најлошиот ден од затворањето на владата – беа погодени над 300.000 патници, додаде организацијата.