Социјалдемократите предводени од актуелната данска премиерка Мете Фредериксен освоија најмногу гласови на парламентарните избори одржани во таа земја.
Така, Фредериксен го доби мандатот да формира нова влада, и покрај критиките за централизацијата на моќта и контроверзната политика што ја водеше за време на пандемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс.
„Благодарам на сите Данци кои ни ги доверија своите гласови, тоа е огромна чест. Иако многумина се сомневаа во нас“, изјави синоќа Фредериксен.
Во крајно неизвесна постизборна ноќ, до раните утрински часови не беше извесна повторната победа на левиот блок на чело со социјалдемократите.
Во новото свикување на парламентот најбројни ќе бидат социјалдемократите, бидејќи според првичните резултати освоиле 27,5 отсто од гласовите.
Левичарскиот блок партии ќе има 87 пратеници во 179-члениот парламент, што со очекувана поддршка од пратениците од Фарски Острови и Гренланд, кои често избираат левичарски кандидати, ќе им даде мнозинство во собранието.
Владата на левицата за многумина изненадува и покрај прогнозите на аналитичарите кои претходно најавија дека ниту левичарските ниту десноориентираните партии нема да можат самостојно да формираат влада.
Во пресрет на изборите, седум месеци пред истекот на нејзиниот четиригодишен мандат, Фредериксен рече дека сака широка влада со партии од двете страни на политичкиот спектар.
Социјал-либералната партија на левиот центар ја критикуваше нејзината влада дека донела одлука во 2020 година да ја убие целата популација на куна во Данска во екот на пандемијата на корона вирусот, донесена за да се спречи можното ширење на мутација на вирусот „Ковид-19“.
Укинувањето на куната доведе до оставка на еден министер, а Фредериксен се соочи со ултиматум – одржување нови избори или гласање за доверба.