Победа за македонските тенисери против Црна Гора во Дејвис купот
Македонската тениска репрезентација ја победи Црна Гора со 2:1 во меч од третата европска група во Дејвис купот на турнирот што се игра во Улцињ.
Калин Ивановски и Горазд Србљак победија во дубл натпреварот против Петар Јовановиќ и Резарт Цунгу.
Во сингл, Ивановски победи со 6:4 и 6:3 против домашниот тенисер Петар Јовановиќ, додека во вториот сингл натпревар македонски тенисер Берг Бугариќ загуби од Резарт Цунгу.
Црна Гора беше еден од фаворитите и втор носител на турнирот.
Утре македонските тенисери ќе се соочат со репрезентацијата на Молдавија.