„Победата ќе биде наша“, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој во кратката видео порака објавена на Инстаграм, по повод 100-тиот ден од руската инвазија на неговата земја рече дека „претставниците на државата се тука, бранејќи ја Украина веќе 100 дена“.
Видео пораката е објавена по повод 100-тиот ден од руската инвазија и потсетува на уште една порака што Зеленски ја сними на 25 февруари, ден откако руските сили ја нападнаа Украина, на истото место и со истите соработници, за да влеат доверба кај Украинците.
„Сите сме тука, нашите војници се тука, граѓаните, општеството, сите сме тука во одбрана на нашата независност, нашата држава“, рече тогаш Зеленски.