Пленковиќ: Хрватска го поздравува барањето на Косово за членство во ЕУ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го поздрави барањето на Косово за членство во Европската унија и му посака на Косово „многу успех на неговиот европски пат“.

Ќе продолжиме да даваме поддршка и да ги споделуваме хрватските искуства“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Тој упати честитки до премиерот и претседател на Косово, Албин Курти и Вјоса Османи и до сите граѓани на Косово.

Косовскиот премиер вчера во Прага ја поднесе апликацијата за полноправно членство на Косово во Европската унија.