Пленковиќ: Уште пред да станам премиер учествував во напорите Украина да стане членка на ЕУ!
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател – Володимир Зеленски се заблагодари за поканата и можноста да разговара во Киев. Тој ја изрази силната поддршка на Хрватска за Украина. Тој го пофали отпорот што го нуди украинскиот народ.
„Ние се восхитуваме на храброста на украинските војници“ – рече тој.
„Хрватска дава помош во секоја смисла и во сите области и планираме да продолжиме како земја која секогаш сака да биде на страната на правдата. На ниво на ЕУ, Хрватска ги поддржа пакетите помош и санкции и затоа мојата денешна посета е симболична. Го поддржуваме патот на Украина кон ЕУ. Сакам да испратам јасна порака: Уште пред да станам премиер на Хрватска, учествував во напорите на украинскиот народ Украина да стане членка на ЕУ“ – рече премиерот Андреј Пленковиќ.