Пленковиќ помеѓу најплатените премиери во ЕУ

По одлуката на хрватската Влада за зголемување на платите на највисоките државни претставници, Андреј Пленковиќ ќе биде помеѓу најплатените премиери во Европска Унија.

Хрватските медиуми објавија дека бруто-плата на Пленковиќ од следниот месец ќе изнесува 9.367 евра, тоа е за 2.274 евра повеќе од досега и 1,7 пари повеќе од сегашната просечна нето-плата во Хрватска. Премиерот со ова ќе добие зголемување во висина на една просечна нето-плата плус дополнителни 950 евра.

Највисока плата зема унгарскиот премиер Виктор Орбан – 16.000 евра месечно, потоа следи премиерот на Словачка со 11.000 евра и претседателот на Чешка, Петр Фијала со 10.800 евра.