Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ денеска го обвини хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за, како што наведе, штетно однесување, кршење на сите етички и правни принципи и „диктаторски манири“.
„Тој е предводник на прекршувањата, не само на Уставот, туку и на општите и основните принципи на уставниот поредок“, рече Пленковиќ одговарајќи на новинарски прашања, пренесе Хина.
Тој додаде дека Милановиќ со распишувањето на изборите за среда на 17 април и нанел штета на хрватската економија во вредност од над 300 милиони евра.