Премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ денес му порача на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека Македонија доживеала премногу неправда на патот кон Европската унија и дека Хрватска ќе продолжи да се залага за забрзување на тој процес.
– Мислам дека од македонска страна се направени толку многу отстапки, што ретко кој народ и ретко која земја би прифатил да направи толку чекори од своја страна доколку не го забрзаат својот пат кон членство во Европската унија – рече Пленковиќ, кој го прими Мицкоски во Загреб и додаде дека е охрабрен од тоа што поддршката на народот на Македонија за европска интеграција е сепак висока, околу 70 проценти.
Пленковиќ смета дека има „премногу неправда“ кон С. Македонија во повеќе од две децении и рече дека ќе се залага за побрзи преговори меѓу земјава и ЕУ.