Пленковиќ – Зеленски: 10-годишен билатерален договор за соработка и поддршка од Хрватска за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за да потпише 10-годишен билатерален договор за соработка и поддршка од Хрватска за Украина.
Средбата се одржа пред почетокот на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, каде што Зеленски е предвидено да разговара за меѓународните мировни напори, објавија локалните и светските медиуми.
„Заедно ќе ја развиеме соработката меѓу нашите одбранбени индустрии. Хрватска ќе продолжи да доставува опрема и да споделува експертиза во хуманитарното деминирање“, напиша Зеленски на мрежата Икс.
Во својата објава Зеленски посочи дека главни теми на неговиот разговор со Пленкович биле „одбранбената помош и соработка, хуманитарното деминирање, рехабилитацијата на украинските деца и ранетите војници, обновувањето на Украина и европската интеграција на земјата.
Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во 2022 година, Хрватска веќе обезбеди 11 пакети воена помош за Киев.
Зеленски рече дека, исто така, планира со претставниците на 12-те земји на самитот да разговара за соработката на патот за приклучување на Украина во Европската унија и НАТО.