„Платинест јубилеј“: Кралицата Елизабета -70 години на тронот на Велика Британија
Кралицата Елизабета Втора владее 70 години, а се потсетуваме како изгледаше нејзиното крунисување на 2 јуни 1953 година, иако таа официјално стана кралица на 6 февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести.
Нејзиното крунисување беше првото што се емитуваше на телевизија, а сите гледачи (особено посетителите) можеа да уживаат во спектакл од бои и луксуз. Кога официјално беше крунисана, Елизабета ѝ оддаде почит на нејзината мајка и стана владетел на Велика Британија и Комонвелтот.
Денес, по 70 години, кралицата Елизабета Втора е шеф на државата и кралица со најдолг стаж, која владеела подолго од Викторија.
„Благодарам на сите вклучени во здружувањето на заедниците, семејствата, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата плетинеста годишнина, во Обединетото Кралство и низ Комонвелтот“, рече Елизабета Втора.
Таа додаде дека е инспирирана од наклонетоста што луѓето и ја покажуваат и дека се надева дека наредните денови ќе бидат можност да се потсетиме на сето она што е постигнато во последните 70 години – „додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам“.
Свеченостите по повод јубилејот на кралицата ќе траат до 5 јуни.