Српскиот криминолог Добривоје Радовановиќ за српските медиуми изјави дека платен убиец добива пари само ако жртвата е ликвидирана, ацената се движи од 50 до 70.000 евра. Тој го презентираше својот став во врска со бруталната ликвидација во Паг, во Хрватска. Смета дека ликвидацијата ја извршил најмен убиец кој извесно време ја следел жртвата.
„Чекаше погоден момент да го ликвидира. Јас сум на мислење дека убиството го извршил најмен убиец. Само тие се враќаат да проверат дали целта е мртва. Ова е јасно видливо во ова видео. Човекот бега само кога е сигурен дека работата е добро завршена“ – објаснува Радовановиќ.
За ликвидацијата на Црногорецот Горан Влаовиќ на островот Паг има сомнежи дека е резултат на пресметка на мафијата. Ангажирани се и безбедносните служби на Хрватска за утврдување на фактите.
Вчера во судската палата во Задар е донесен осомничениот за убиството, Душко Танасковиќ (28) од Крагуевац. Тој го убил Горан Влаовиќ (38) во Зрче.