Пијано, тенор и оперски арии вечерва на новогодишниот концерт на „Охридско лето“
Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис вечерва ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во 20 часот.

Тенорот Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, пак, плени со својата топла, моќна и богата вокална боја, како и со исклучителниот драматичен израз што го внесува во секоја изведба. Неговата интерпретативна зрелост, прецизноста и впечатливата сценска харизма го вбројуваат меѓу оние уметници чии настапи се доживуваат со восхит и длабока емоција.
Влезот за концертот ќе биде бесплатен, како како подарок за верната публика на „Охридско лето“.
„Ова е нашиот начин да изразиме благодарност за довербата, поддршката и љубовта што ни ја даваат љубителите на врвната уметност“, велат од оваа Национална установа.