Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро вели дека се загрижени за последните случувања во правосудството, особено во Судскиот совет и за таа цел испраќаат оценска мисија која денеска ќе почне со работа и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки со цел да се зајакне независноста на судството. Во Македонија денеска и утре ќе престојува лидерот на тимот на оценската, Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска.
Во изјава за МИА, Писонеро појаснува дека Советот треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и да биде заштитен од несоодветно влијание.
Со оглед на најновите случувања поврзани со Судскиот совет, Комисијата ќе испрати мисија за оценување на работата на Судскиот совет и неговата правна рамка, со цел дополнително да се зајакне транспарентноста, независноста и кредибилитетот на Советот, вклучително и на неговите членови, вели Писонеро.