Писмо бомба испратено и во Амбасадата на САД во Мадрид
Видео снимка од шпанската полиција како е распоредена пред амбасадата во Мадрид се појави на социјалните мрежи. Се претпоставува дека се работи за уште едно писмо бомба. ,,Ел Паис’’ –шпански весник објави дека полицијата пресретнала коверт со пиротехнички материјал адресиран до премиерот Санчез во палатата Монклоа во Мадрид. Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, украинската Амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон. Писмо-бомба пристигнала во воздухопловната база Торехон рано утринава.Истрагата е во тек. Експлозивна направа во Сарагоса била откриена синоќа во фабрика за оружје.Таа произведува фрлачи на гранати што Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.