Пиоли е нов тренер на Ал Наср и Кристијано Роналдо

Стефано Пиоли вечерва потпиша двегодишен договор со Ал Наср и го наследува Луис Кастро на клупата на саудискиот клуб.

Италијанецот по завршувањето на минатата сезона заработи отказ од редовите на Милан каде работеше четири ипол години и го одведе тимот до 19-тото „скудето“.

Според шпекулациите, Пиоли ќе заработува плата од 8 милиони евра годишно. По три одиграни кола во новата сезона Ал Наср и Кристијано Роналдо имаат една победа и две ремија во саудиската лига.