Маж (29-годишен) со мал авион кружи над „Волмарт“ во градот Тупело во американската сојузна држава Мисисипи и се заканува дека ќе се урне над трговскиот центар.
Како што соопшти Си-Ен-Ен, околу 5 часот по локално време полицијата контактирала со пилотот ,а населението веднаш било евакуирано.
„На граѓаните им е кажано да ја избегнуваат областа. Имајќи ја предвид мобилноста на тој тип на авион, опасната зона е поголема од самиот Тупело“ – соопшти полицијата.
Според видеата објавени на социјалните мрежи авиоот кружи над домови и деловни објекти.
Неофицијално пилотот веројатно работи за фирма која изнајмува простор на аеродромот во Тупело. Причините за заканите за уривање на авионот се уште не се познати за јавноста.