Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ зборуваше пред натпреварот против САД на Олимписките игри во Париз.
Средбата на двете селекции во полуфиналето е закажана за в четврток од 21 часот.
„Прво, она што би сакал да го истакнам е дека сме меѓу четирите најдобри екипи, што е огромен успех. Но, продолжуваме понатаму. Одиме понатаму затоа што рековме дека дојдовме овде да дадеме се од себе. Не само да дадеме се од себе, но и самите себе, за да дојдеме до тој олимписки медал“, рече Пешиќ и додаде:
„Утре е, се разбира, првата шанса, која не сакаме да ја изгубиме само така. Свесни сме со кого играме, точно знаеме, никому не се закануваме, ниту имаме право. Играме против исклучителна репрезентација, според мене, тие станаа, не само Американци, туку најдобриот тим во историјата на националната кошарка и тие растат како тим, но ние не сме исплашени“ рече Пешиќ.
Многу тежок беше и натпреварот против Австралија, кој беше решен по продолженијата.
„Сакаме да одиграме добар натпревар и затоа денеска, по многу возбудлив, тежок натпревар со Австралија, се потрошивме не само физички, туку и психички. Денеска останавме во хотелот, им дадовме на играчите малку повеќе простор да одмор, им кажавме на нашите тренери и медиумски персонал да се обидат да ги вратат во првобитната состојба, бидејќи натпреварот против Австралија беше навистина огромен трошок“, истакна Пешиќ.