Светислав Пешиќ, познатиот кошаркарски стратег потврди дека повеќе нема да биде селектор на Србија.
„Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ поднесе оставка. Како што разбрав, тоа го направи за да му овозможи на новото раководство на федерацијата да формира нов стручен штаб и цели на почетокот на новиот олимписки циклус. Што се однесува до мене лично, уште пред Париз најавив дека некој друг треба да го продолжи тоа што го започнав. Бидејќи гледам дека некои не ме слушнаа добро, сега им порачувам дека одговорните – оние кои во иднина ќе го водат КСС – треба да знаат дека, меѓу другото, мора да бараат и нов тренер. Јас секако дека секогаш ќе и бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се осврнам на некои други цели и проекти за кои немав време бидејќи 24 часа бев на услуга на српската репрезентација“ – изјави Светислав Пешиќ за српска „Политика“.
Светислав Пешиќ беше селектор на Југославија во периодот од 2001 до 2002 година, додека селекцијата на Србија ја презеде во 2021 година и со неа освои бронза на ОИ во Париз и сребро на Светското првенство.
КСС ќе мора брзо да реагира бидејќи Србија следниот натпревар го игра на 21 ноември против Данска во рамките на квалификациите за Европското првенство што ќе се игра во 2025 година.
Кандидати има многу, но ќе треба да се почека одлуката на Кошаркарскиот сојуз на Србија во наредните денови.