Пешев: Не е важно колку ќе се задолжиме, туку каде ќе се потрошат тие пари

„Владината политика секогаш треба да биде во насока да им помогне на компаниите. Бизнисмените не се лопови кои сакаат да ја крадат државата – порачува Антони Пешев извршен директор на Стопанска комора на Македонија во вечерашното издание на Трилинг.

Во фокус на разговорот со Пешев е задолжувањето и ребалансот…

-Не е важно колкаво ќе биде задолжувањето на државата ако парите со кои се задолжуваме, поважно е каде тие пари ќе бидат потрошени. Ако парите се трошат за продолжување на нашата економска агонија за да се поддржат политичките аспирации на политичките елити во одреден период тоа е погрешна употреба на средствата, вели Пешев.

Посочи дека лично тој со години потенцира дека Македонија мора да инвестира во инфраструктура, нешто на што потенцираше и Кругман кога беше во посета на земјава.

-Мислам дека волшебно стапче за решавање на проблемите не постои, она што ни фали во државата е чувството на ситуација во која треба да се генерира филизофија на нужна потреба на мобилизирање на сите. Заради неконтролирнното буџетско трошење, заради сѐ она за кое сме свесни, се стекна впечаток дека државата може тоа да го исфинансира а дали економијата може да го истрпи-посочи Пешев.
Подетално погледнете во видеото: