Пехчевски: Ковачевски, следите ли како Меџити си поигрува со нас во емисии?

„Премиере Димитар Ковачевски

Како министерот за здравство Фатмир Меџити си поигрува во емисии и ги нарекува пациентите кои бараат лек за цистична фиброза со епитети дека се ШОУМЕНИ и не го донесува ВЕТЕНИОТ ЛЕК ТРИКАФТА (KAFTRIO) кој за нас ЖИВОТ значи!

Премиере Димитар Ковачевски постапете ВЕДНАШ по сето тоа за да не биде ПРЕДОЦНА за секој еден од нас!

Имаме право на лек

ГО БАРАМЕ ЛЕКОТ ТРИКАФТА ДА НИ СЕ ДАДЕ ВЕДНАШ!“ напиша на Фејсбук Игор Пехчевски – пациент кој е заболен од Цистична фиброза.