Пет мажи силувале 11-годишно девојче од Приштина

Мрежата на жени на Косово укажа на скандалозниот случај што се случи во Центарот за рехабилитација каде беше силувано 11-годишно девојче.

Како што објави Индекс онлајн, станува збор за девојка која се наоѓа во засолниште со висок степен на обезбедување, која минатата година во Приштина ја силувале пет мажи.

„Мрежата на жените на Косово изразува длабока загриженост поради институционалниот неуспех да ги заштити жртвите на родово базирано насилство во просториите на ова засолниште. Силувањето на 11-годишно девојче во засолниште со висока безбедност јасно покажува институционален неуспех и запоставување. Покрај очигледниот неуспех да се рехабилитираат жртвите на родово засновано насилство, институцијата ги товари жртвите за кривични дела и повторување на трауматизација“, велат од Мрежата на жени на Косово.