
Пет лица се повредени во сообраќајка кај штипската населба Три чешми
Повредените, како што велат од Клиничката болница Штип, не се во животозагрозувачка состојба. Две лица се пренесени на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија. Од болницата велат дека се вршат потребните медицински снимања на повредените.
Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случила кај штипската населба Три чешми.
Несреќата, како што пренесува МИА, се случила по 7 часот меѓу камион и автомобил.
Повредените, како што велат од Клиничката болница Штип, не се во животозагрозувачка состојба. Две лица се пренесени на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија. Од болницата велат дека се вршат потребните медицински снимања на повредените.
Во тек се испитувања за причините за несреќата.