Пет години по смртта на Оливер Драгојевиќ излегува негова нова песна

Поминаа повеќе од пет години откако почина еден од најголемите регионални музички ѕвезди Оливер Драгојевиќ. Сепак сеќавањето за него живее во неговата музика, неговиот имиџ и хитовите што никогаш нема да бидат заборавени.

Токму затоа неговото семејство реши да ни даде можност да се потсетиме на него, да го почувствуваме уште еднаш, преку она што му беше најважно – преку неговата музика.

Тие речиси две години ги слушале материјалите кои Оливер, вредно ги снимал до својот последен ден. Потрошиле часови внимателно избирајќи, потсетувајќи се на сите негови коментари и упатства, така што сите песни биле направени со негова согласност.

Така бил создаден албумот со нови песни на Оливер – „Долазиш“.

– Со заминувањето на Оливер го наследивме сето она што тој го создаде во текот на неговата долга кариера, а од што произлезе огромна одговорност кон неговото наследство, но и кон неговите обожаватели кои секогаш го придружуваа на неговото патување. Почувствувавме потреба да собереме песни кои останаа необјавени и со помош на соработниците и пријателите на Оливер го подготвивме овој албум по неговите критериуми и афинитети. Добро е познато дека тој беше скромен човек, но кога стануваше збор за музика, секогаш го бараше максимумот од себе. Работевме на овој албум додека не се уверивме дека сме достигнале ниво од кое ќе бидам задоволен – објасни неговото семејство.

Со помош на неговата долгогодишна издавачка куќа „Аквариус рекордс“, албумот е подготвен за објавување оваа есен 2024 година, а песната „Немогу ти речи“ на Матко Шимац е првиот сингл од претстојниот албум.

– Мораме да им се заблагодариме на сите автори, текстописци, аранжери, музичари и на сите останати кои на кој било начин учествуваа во реализацијата на овој албум. Се надеваме дека сите љубители на музиката на Оливер ќе уживаат во овој албум и дека овие песни ќе се слушаат долго време како и многу од нив досега“ изјавија членовите на семејството на Оливер.