Пет години затвор му се закануваат на лицето кое го запали македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје.

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје.

Од тука информираа дека поведена е постапка против три полнолетни лица за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. Против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.

„Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност“, велат од Обвинителството.

Според Кривичниот законик на Македонија, за вакво кривично дело е предвидена затворска казна од пет години.

Палењето на државното знаме е тешко кривично дело во повеќето земји, а ни Македонија не е исклучок.

Ваквите дела се сметаат за напад на државата и нејзиниот суверенитет и затоа се третираат со голема сериозност.

Затворската казна од пет години е јасна порака за тежината на ваквите постапки и намерата на правниот систем соодветно да ги санкционира.