
Петти ден тетовци немаат вода, полнат буриња од јавни чешми и се надеваат во ноќните часови кога привремено ја пуштаат
И покрај два водоснабдителни система, тетовци остануваат честопати без вода со денови. Ниту можат да се искапат, ниту да исперат алишта изминатава недела, велат, пред сè, оние кои живеат во повисоките делови од градот. Нивната борба деновиве е да се складира вода за основните хигиенски потреби, а за пиење се купува.
И покрај два водоснабдителни система, тетовци остануваат честопати без вода со денови. Ниту можат да се искапат, ниту да исперат алишта изминатава недела, велат, пред сè, оние кои живеат во повисоките делови од градот. Нивната борба деновиве е да се складира вода за основните хигиенски потреби, а за пиење се купува.
Па петти ден како нема вода. Стануваме многу доцна навечер, дури рани утрински часови, за да наполниме вода. Се снаоѓаме, немаме за основни потреби. Значи не можеш да се тушираш со пет минута што ќе ја пуштат“, реагира тетовец.
„Се случува и еднаш месечно да нема по 2-3 дена вода, воопшто капка да капне. Принудени сме да се симнуваме во парк, кај што има јавни чешми. Од таму да полниме со буриња за да имаме за основни услови, во ВЦ да пуштиме вода“, коментира тетовка.
„Како Шар планина вода има премногу, а да немаме ние вода. Јас не можам да сфатам тоа, јас не можам да сфатам. Само со полнење со буриња со се, прво за тоалет се извинувам, за лична хигиена нема вода“, вели жителка на Тетово.
„Само што ќе пуштиш машина, вода снемало. Не како порано, одиш на работа, ќе пуштиш машина сабајле, кога ќе дојдеш, ќе ја пружиш.“, додава нејзина сограѓанка.
Стручните лица од општинското претпријатие за водовод велат дека количински вода има, но се соочуваат со чести дефекти. Како подолгорочно решение е инсталирање на дигитални водомери за да се спречи несовесното трошење на водата за пиење за други работи.
„Тој проект е неопходен за да може да се изврши рационализација при потрошувачка на вода и водоснабдувањето да се нормализира. Инаку сите капацитети на зафаќање на вода се изградени, постојат“, вели Борче Бојовски, инженер ЈП „Шар Тетово“.
Викендов интензивните дождови беа причина да се замати водата од природните извори, па двата водоснабдувачки система беа исклучени од дистрибутивната мрежа. По разбиструвањето на водата, неколку дена постепено се вклучуваше целиот капацитет со кој располага водовод до домаќинствата.
 
						