Пред Владата и денеска започна протест против францускиот предлог, каде се собраа граѓани со транспаренти на кои, меѓудругото, е испишано и мотото на овој протест „Ултиматум – Не благодарам“.
Ова е петти ден, како граѓани и дел од опозоциските партии го искажат своето незадоволство од францускиот предлог, за кој сметаат дека е штетен за државата и оти не ги штити државните интереси.
Пред почетокот на протестот, изјава за медимите даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги повтори ставовите и барањата на партијата во однос предложените документи од ЕУ и апелираше за масовност на протестите, осудувајќи го насилничкото однесување на поеднинци.
Со оружје и со шишиња беа пречекани граѓаните кои маршираат против францускиот предлог веднаш по преминувањето под стоковната куќа „Мост“. Група насилници од страната на плоштадот Скендер бег почна да фрла со шишиња кон демонстрантите, додека некои од нив се закануваа со пиштол во рака и дофрлуваа погрдни зборови кон демонстрантите. Полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент по што групата се упати кон Собранието.