Денеска (18.07.2024) делегација од Сојузното министерство за внатрешни работи и татковина на Сојузна Република Германија, предводена од Бернд Кресер, државен секретар, во рамки на официјалната посета на македонското Министерство за внатрешни работи, го посети Центарот за обука на МВР.
Во рамки на посетата на Центарот за обука, државниот секретар Кресер беше пречекан од страна на државниот секретар на македонското Министерство за внатрешни работи Сашо Петрушевски и помошник министерот на Центарот за обука Влатко Митковски, при што се реализираше билатерална средба на која се зборуваше за структурата и капацитетите на Центарот за обука, со акцент на приоритетите за соработка со соодветните служби во рамки на двете министерства, како и за плановите за унапредување на капацитетите на центарот.
Беше направена и обиколка на просторните капацитети на Центарот за обука, а државниот секретар Петрушевски изрази голема благодарност за сите досегашни донации и поддршка, што воглавно се реализира преку Канцелариите за врски на сојузната полиција и сојузната криминалистичка полиција, при амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.