Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на тв 24 посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе е апсолутен победник и дека очекува валкана кампања од страна на партиите од власта.
„Кризите во кои што се наоѓаме, слабиот рејтинг на политичките партии на власт, внатрешните поделби кои што ги имаат, сведоци сме дека имаме сериозни поделби во политичките партии на власт почнувајќи од политичката партија СДСМ која што се подели, односно од партијата си излезе градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ДУИ со поделбите и излегувањето на Изет Меџити, актуелните случувања во Алијанса на Албанците, сето тоа се фактори кои што ќе придонесат за една по мене сериозна валкана кампања. А, имајќи го искуството од претходните избори, еве ќе ги споменам последните локални избори кога помеѓу првиот и вториот круг, кога беше очигледна големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, бевме сведоци на една сериозна валкана кампања на СДСМ. СДСМ тогаш држеше многу ниски и валкани прес конференции против кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Петрушевски.
„Стравот од пораз, лошиот рејтинг, немањето на аргументи и да се понуди она што е сработено во изминатиот период од страна на власта ќе предизвика една таква реакција на немоќ и на една валкана, црна кампања“, појасни тој.
Петрушевски додаде дека граѓаните се преморени од црните кампањи кои ги водат партиите на оваа власт.
„Лицемерие на власта е она кога се држат прес конференции и се обвинува опозицијата за разно разни криминали, а институциите кои што се раководени од онаа партија која што ги држи прес конференциите не реагира. Напротив имаме реакција какви – такви на судовите кои што ги прифаќаат тужбите за клевета. Еве ќе напоменам, Каевски држеше прес конференции како претседателот Мицкоски имал куќа од милион евра, па добија пресуда за клевета. Исто така мисла дека Каевски држеше прес конференции за хидроцентрали некои кои што ги поседувал Мицкоски, и за тоа добија СДСМ пресуда судска за клевета. Токму пресудите говорат за каква црна кампања СДСМ води против ВМРО-ДПМНЕ“, укажа Петрушевски.
Тој посочи дека СДСМ нема со што да се пофали, нема проекти со кои што можат да се пофалат и затоа водат црна кампања против ВМРО-ДПМНЕ.