Петровска: Прво владино патување, прв скандал!

„Асистентот на татко му, а сега премиер си го земал син му во делегација во САД! Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од премиерот Мицкоски. Се прашувате кој е? Синот на Христијан Мицкоски. Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување“ пишува на Фејсбук поранешната министерка за одбрана од редовите на СДСМ, пратеничката Славјанка Петровска.

Таа вели „Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко“.