
Нема ништо спорно околу набавката на хеликоптерите за Армијата вредна 230 милиони евра, која стана предмет на Државната комисија за спречување на корупција. Ова за ТВ 21 го вели се уште актуелната министерка за Одбрана, Славјанка Петровска.
„Набавката е во согласност со законот за набавка во одбраната на безбедноста. Сите документи се донесени, оваа набавка е предвидена во планот за набавки во министерството за одбрана“, рече меѓудругото Петровска.
На прашањето дали тајмингот на набавката е проблем, со оглед дека е пред избори, Петровска посочи дека оваа набавка е предвидена од претходно да се случи во 2024 година.
„Сега одиме на најважниот момент зошто купуваме хеликоптери? Затоа што е дел од процесот на модернизација“, рече Петровска.