Петровска: Набавката на хеликоптерите е почната уште од 2019 година – случајно коинцидира со изборите

Одлуката за набавката на осумте хеликоптери за 230 милиони евра од италијанската компанија „Леонардо“ е исправна, уверува денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска која истакна дека во еден од овој договор и таа е потписник, а својот потпис го ставила бидејќи верува во стучноста на луѓето кои го спроведоа овој процес.

Таа беше запрашана дали и зошто набавката на хеколптерите се прави пред избори на што истакна дека истата била договорена многу порано. Посочи дека многу е лесно да се обвинува или да излезе со теории на заговор, но вели дека ако има било какви докази за корупциски скандал таа е подготвена да се соочи со тоа.

И додека се знае дека договорот со италијанската Влада за набавката на воздухопловите ќе биде потпишан утре. Се уште е актуелно и прашањето како Македонија здравстевно ќе и помага на Украина во згрижувањето на војници.

Петровска вели дека до овој момент од Украина не е пристигнато такво барање, но се разгледуваат сите можности кои земјава ги има на располагање без да се наштети на здравстевните услуги кои се потребни за македонските граѓани.

Инаку денеска на одбележувањето во Штип на четиригодишнинатата од влегувањето на Македонија во НАТО и 75 години НАТО Алијанса.

Петровска нагласи дека македонската Армија е во НАТО, но и НАТО стандардите се во Армијата.