Петровска: Македонија е безбедна земја!

Славјанка Петровска, министерка за одбрана за безбедноста на државата вели дека ние сме безбедни. Со тоа што како и сите други земји сме изложени на сајбер напади и хибридни закани. Целта на овие закани и напади е предизвикување недоверба и несигурност во општеството, смета таа.

„Институциите во државата си ја вршат работата и граѓаните треба да имаат доверба“ вели Петровска која и сама беше жртва на хибриден напад.

Претпоставува дека причината за хибридните нападуи врз неа се поттикнати од нејзиниот цврст став кон неправедната војна против Украина.

„Нашите позиции за Украина не беа поттикнати од инструкции од НАТО туку беа изградени во рамки на институциите. Ние сме независна држава, а нашиот глас се слуша во Алијансата бидејќи сме рамноправна членка“ вели Петровска за ТВ24.

Таа вели дека сите безбедносни организации во државата соработуваат меѓусебе, а нејзините очекувања се сите институции да реагираат во рамки на своите надлежност да ги обесхрабрат ваквите напади.

„Власта, вклучително и судската треба да обезбеди безбедност и сигурност на граѓаните“ – коментира министерката.