Петровска испрати претставка до Комисијата за заштита од дискриминација

Дискриминација по основ на брачен и семеен статус, обид за ограничување на слободата на говор и непочитување на уставната положба на Собранието преку негов пратеник – за ова пратеничката Славјанка Петровска бара комисијата за дискриминација да утврди дека во одговорот на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изврши дискриминација кон неа.

Во претставката која ја објави ТВ 24, Петровска ги цитира и нејзиното прашање но и одговорот на министерката, како и понатамошните изјави на Димитриеска Кочоска.

„Таа изврши дискриминација и се обиде да го ограничи моето право на говор, сметајќи ме за неподобна да поставувам прашања кои се однесуваат на животниот стандард на повеќечлено семејство и мајките со деца, само затоа што јас не сум мајка, немам деца и живеам сама. Со овие зборови таа изврши навреда и дискриминација и врз илјадници жени во нашата држава кои од свои лични причини немаат децца или одлучиле да немаат деца, но тоа не значи дека тие немаат право да зборуваат за животниот стандард, грижата за деца, нивно воспитување, нивното здравје и.т.н. Оваа нејзина изјава предизвика лавина на негативни коментари и осуда, како и барање таа да се извини за овој дискриминаторски однос кон пратеничката и кон граѓаните. Но, наместо покајување и извинување, министерката изјави: „За мене темата е затворена“ и „ таа самата го знае тоа, но, вака ѝ чини сега да изигрува жртва, стои во претставката.